Поранешен француски претседател: „Путин смета на уморот“

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин е „радикално рационален“ лидер кој се обложува дека западните земји ќе се уморат да ја поддржуваат Украина и ќе се согласат на преговори за да се стави крај на конфликтот на начин кој ќе биде поволен за неговата земја, изјави поранешниот француски претседател Франсоа Оланд за „Политико“.

Оланд, кој беше претседател на Франција од 2012 до 2017 година, има големо искуство со Путин, бидејќи тој и германската канцеларка Ангела Меркел преговараа со рускиот лидер во 2014 година по анексијата на Крим.

„Тој има свое размислување и во тие рамки е подготвен да употреби сила. Тој е во состојба да ја разбере само динамиката (моќта) што ние можеме да ја поставиме против него“, објасни Оланд.

Пред годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, Оланд додаде дека Путин ќе се обиде да ги „консолидира своите придобивки за да го стабилизира конфликтот, надевајќи се дека јавното мислење ќе се замори и дека Европејците ќе се плашат од ескалација за да ја претстават перспективата за преговори“.

„За разлика од времето кога тој самиот беше на власт и кога Париз и Берлин водеа преговори со Путин, овојпат работата на посредување најверојатно ќе падне на Турција или Кина, кои никого нема да смират“, рече Оланд.

Слични содржини