Бразилскиот фудбалер Даглас Переира (32) бил уапсен бидејќи е осомничен дека пукал од пиштол на јавно место на 21 април, објави „Глобо Еспорте“, а сега го чека судење за недозволено поседување огнено оружје и пукање од него.
Поранешниот фудбалер на Барселона, чиј официјален член беше од 2014 до 2019 година, е осомничен дека пукал со пиштол во воздух на паркингот по расправија со група луѓе. Переира претходно пиел алкохол на брод на езерото Параноа. Полицијата го уапсила Переира по пукањето, но не го нашла пиштолот. Фудбалерот два дена подоцна е пуштен од притвор и сега го чека судење за недозволено поседување огнено оружје и пукање од него.
Барселона во 2014 година го донесе Переира од Сао Паоло за четири милиони евра. Од 2014 до 2019 година, Бразилецот забележа само осум настапи за каталонскиот клуб, кој го испрати на позајмица во Спортинг Хихон, Бенфика и Сивас.
Бешикташ го доведе како слободен играч во 2019 година, но тој забележа само седум настапи за турскиот тим во текот на три години.
Тој е без клуб од 2022 година.