Години наназад дистрибуирал дрога од Јужна Америка во Англија и Шкотска
Поранешниот суперталент на Ливерпул, Џејми Кесиди е осуден на 13 години и три месеци затвор откако признал дека продавал дрога и се стекнал со повеќемилионско богатство, пренесуваат медиумите во Англија
Кесиди сега има 46 години и беше еден од најдобрите стрелци во земјата за време на неговите тинејџерски години. Играше со Џејми Карагер и Мајкл Овен и успеаја да го освојат младинскиот куп на ФА во 1996 година.
Но, поради повреди морал предвреме да ја заврши кариерата и во меѓувреме се втурнал во криминал заедно со постариот брат Џонатан (50) кој е осуден на речиси 22 години затвор.
Двајцата увезувале кокаин од Јужна Америка во Ливерпул и го дистрибуирале по улиците на овој град и на другите на Островот.
Пратките биле скриени во модифицирани возила и пристигнале преку Амстердам од Бразил, Колумбија, Еквадор и Боливија. Кога станува збор за Ливерпул, работата на Џејми била да го дистрибуира во Англија и Шкотска преку неговата мрежа.
Обвинителот за време на судењето изјави дека Кесиди бил еден од клучните играчи во шемата за трговија со луѓето, а пред да бидат уапсени во 2020 година, се забележува дека заработиле некаде околу 30 милиони евра.