Поранешен играч на Њукасл една од главните трансфер цели на Мурињо

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Турскиот гигант Фенербахче сака да го ангажира Ален Сен Максимин. Тренерот на тимот од Истанбул, Жозе Мурињо, го посочи како една од неговите главни трансфер цели, објави Sky Sports.

27-годишниот офанзивец е во сопственост на Ал-Ахли, има 31 настап и постигна 4 гола во последната кампања.

Тимот од Саудиска Арабија за да се раздели со него бараат најмалку 18 милиони евра.

Самиот играч изрази желба да се врати на Стариот континент бидејќи сака да игра на европските клупски турнири.

Крилниот напаѓач најголемата трага ја остави во Њукасл. Во периодот 2019-2023 година беше дел од „страчките“, каде одигра 124 натпревари и постигна 13 голови.

Тој стигна и до финалето на Лига купот, кое „црно-белите“ го загубија од Манчестер Јунајтед.