Поранешен израелски премиер: Нашите вистински непријатели не се Иран, Хамас и Хезболах, туку екстремните групи Израелци

од Milan1
80 прегледи

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт со прилично шокантно тврдење – вистинските непријатели на неговата земја билее „екстремните групи Израелци кои мислат дека можат да ги протераат Палестинците и да ги анектираат териториите“, пренесува Си-Ен-Ен.

Олмерт рече дека било обврска да се борат против таквите „луди, месијански“ групи.

„Коалициските партнери на Нетанјаху сакаат да ги протераат жителите на Западниот Брег за да можат да го анектираат. И така, она што го кажувам, и постојано го кажувам, и знам дека понекогаш на некои мои колеги во Израел не им се допаѓа тоа што го кажувам во странство, секако не во програмата на Кристијане Аманпур, но ќе го кажам – вистинскиот непријател не е Иран, кој е непријател, не Хезболах, кој е непријател, не Хамас, кој е непријател“, рече поранешниот израелски премиер и истакна:

„Вистинскиот непријател е одвнатре. Месијански, луди, екстремни групи Израелци кои мислат дека можат да ги истераат Палестинците и да ги анектираат териториите. Јас се борам против нив, водам кампања против нив и мислам дека тоа е обврска на сегашната израелска влада и Нетанјаху“.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Олмерт додаде дека актуелниот премиер Нетанјаху, за жал, политички зависи од нив до тој степен што ги затвора очите и „им дозволува да прават работи што се целосно неподносливи и неприфатливи“.

Ехуд Олмерт беше премиер на Израел од 2006 до 2009 година, а беше и градоначалник на Ерусалим од 1993 до 2003 година.

Слични содржини