Поранешен лидер на НАТО: Постои руска опасност за Балканот

од Илинка Илиоска
689 прегледи

Поранешниот секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој престојува во Косово во чест на 25 -годишнината од ослободувањето, побара од земјите на Европската унија да бидат подготвени за каква било закана од Русија и нејзините сојузнички земји.

На конференцијата на Западен Балкан, тој рече дека постои опасност од руско влијание, но според него не ја вклучува само воената закана.

„Самитот во Вашингтон, исто така, треба да се соочи со фактот дека додека тензијата се фокусира на она што Русија го прави во Украина, морам да видиме што прави Русија во Западен Балкан. Дезинформациии, дестабилизација, уништување, сите овие се руски инструменти“, рече Робертсон.

Слични содржини