Поранешен модел на Плејбој тврди: Пи Диди нѐ натера да гледаме спот на Џенифер Лопез

од Nikola Popovski
2,1K прегледи

Драмата околу Пи Диди не запира, а се повеќе луѓе се чувствуваат подготвени да зборуваат за своите искуства. Иако сè уште не слушнавме што за сè имаа да кажат Џастин Бибер или некој од членовите на елитното друштво кое Диди редовно го водел во својот дом, во јавноста се достапни бројни сведоштва за забавите.

Една од девојките на Хефнер, зајачицата на Плејбој по име Рејчел Кенеди, исто така проговори за нејзината средба со продуцентот и раперот и ја сподели својата перспектива за „DailyMail“.

Рејчел Кенеди е само една од низата зајачици со кои Диди имал врска, а бројот на девојки мора да е значителен бидејќи неговата палата била поврзана со подземни тунели со онаа во која Хефнер ја изградил својата империја Плејбој.

Кенеди раскажала како го запознала Диди во топлес клуб во Токио, Јапонија наречен „Seventh Heaven“, каде што работела како танчерка во 2000-тите. Откако го запознала, ја поканил неа и нејзините пријателки во неговиот хотел на забава, но на забавата немало други гости освен него и нив.

„Ова не е забава. Ова не е забавата што сите ја очекувавме“, рекла таа.

Како што се сеќава таа, на забавата се пуштале видео-спотови од тогашната девојка на Диди – Џенифер Лопез. Потоа, Диди ги принудувал гостите да ги гледаат музичките спотови на Џеј Ло, па дури ѝ се јавил додека девојките ги гледале видеата во исчекување на ветената забава.

„Мислев дека е малку морничаво, многу непочитување бидејќи веќе бевме во неговата соба, а немаше забава“, истакнала Кенеди.

Пи Диди и Џенифер Лопез ја започнале својата врска во 1999 година по средбата на снимањето на музичко видео. Нивната врска траеше околу две години, а раскинаа во 2001 година откако доживеаја бројни јавни полемики и притисоци. Иако се разделија, и двајцата продолжија со успешни кариери и често се сеќаваа на времето заедно, секогаш зборувајќи убави работи еден за друг.

Слични содржини