Поранешен палестински министер загина во израелско бомбардирање врз Газа

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Поранешен министер во палестинската управа е убиен денеска во израелско бомбардирање во Појасот Газа, објави министерството за здравство на Хамас, пренесе палестинска новинска агенција.

Јусеф Салама (68), поранешен министер за религија, загина во бегалскиот камп Магази во централниот дел на Појасот Газа, според извори на кои се повикува агенцијата „Франс прес“.

Салама беше близок со ривалот на Хамас, Фатах, организацијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас, и беше министер од февруари 2005 до март 2006 година.

Тој исто така беше проповедник за време на традиционалната петочна молитва во Стариот град на Ерусалим каде се наоѓа џамијата Ал Акса.

Слични содржини