Поранешниот полицаец од Минеаполис, Томас Лејн, се изјасни за виновен за помагање и поттикнување на убиство од небрежност во 2020 година, кога беше убиен Џорџ Флојд, објави „Минеаполис Стар Трибјун“.
Минатата година, тој се изјасни за виновен пред окружниот судија и прифати тригодишна казна во замена обвинителите да ги отфрлат обвиненијата за помагање и поттикнување убиство од втор степен, пишува весникот.
Судењето на поранешните полицајци Ту Тао и Џ. Александар Кунг треба да започне во јуни под обвинение за помагање и поттикнување убиство од втор степен и убиство од небрежност.
Тројцата беа осудени во февруари поради федерални обвиненија за негирање на граѓанските права на Џорџ Флојд затоа што не му помогнале повеќе од девет минути додека нивниот колега Дерек Шовин го притискал неговото колено на вратот.
Снимката на која Шовин го притиска вратот на Флојд со коленото додека тој беспомошно лежеше викајќи „Не можам да дишам“, предизвика протести против полициската бруталност и расизмот во градовите ширум светот. Шо, поранешен полицаец, белец, минатата година беше осуден на 22 и пол години затвор.