Андреј Медведев, поранешен член на руската платеничка група Вагнер, кој бара азил во Норвешка, им се извинува на Украинците кои живеат во таа скандинавска земја. Многу Украинци кои живеат во Норвешка се противат на неговото присуство во земјата.
„Јас сум за вас ѓубре, но ве молам сметајте дека сум свесен за тоа. Го сфатив тоа, но предоцна. Ве молам, не ме осудувајте и се извинувам“, изјавил Медведев на норвешката национална телевизија НРК.
Медведев тврди дека се плаши за својот живот доколку се врати во Русија. Тој живее во центар за баратели на азил во Осло, откако илегално преминал во Норвешка, која дели 200 километри граница со Русија.
Тој ја напуштил групата „Вагнер“ откако неговиот договор билпродолжен по периодот јули-ноември без негова согласност. Тој вели дека е подготвен да сведочи за сите воени злосторства и негира дека учествувал во нив.
Покрај тоа, тој наводно изјавил за “Gulag.net“ дека е подготвен да каже се што знае за групата и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.
Да потсетиме, Андреј Медведев побегна во Норвешка пред неколку недели откако одби повторно да се пријави во воената група која е активна во борбите околу источните делови на Украина, пренесува хрватски „Индекс“.