Поранешен руски министер: „Какви преговори, губење време“ Сакате да го запрете Путин? Вооружете ја Украина до заби!

од Љубиша Владимиров
222 прегледи

Андреј Козирев, поранешен руски министер за надворешни работи во времето на Борис Елцин (1990-1996), кој денеска живее во Соединетите Американски Држави, во интервју за „Дојче Веле“, жестоко ја осуди агресивната војна што Русија ја води против Украина и го обвини Западот за недостаток на волја да спречи понатамошна ескалација. Козирев вели дека сегашните преговори со Русија се целосно губење време и дека нема причина да се очекува некаков успех од нив.

Според него, единствениот начин да се сопре Владимир Путин и да се натера да го прекине воениот конфликт е преку силно вооружување на Украина.

„Само ако Украина биде вооружена до заби, како што понекогаш кажува американскиот претседател Доналд Трамп, ќе може да се спречи понатамошната агресија во Европа. Само силна украинска армија, економија и единство можат да ги застанат руските напади и да ја прекинат оваа војна,“ вели Козирев за „Дојче Веле“.

Сепак, тој истакнува дека моментално ситуацијата не оди во таа насока и дека Западот не покажува доволна поддршка и решителност.

Слични содржини