Поранешен шеф на чешкото разузнавање: Русија ја уништува Украина, оди кон победа

Според поранешниот шеф на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Чешка, сè укажува дека Русија ќе излезе како победник во овој конфликт

од Бети Божиноска
317 прегледи

Русија системски ги уништува вооружените сили на Украина благодарение на својата индустрија и логистика, а Западот не е во состојба да ѝ се спротивстави, изјави поранешниот шеф на чешката воена разузнавачка служба, генерал Петр Пелц, во интервју за „Радио Универзум“.

„Русија бавно и системски ја уништува Украина. Сите ѝ испраќаме пари, од кои дел некаде исчезнуваат, дел не стигнуваат ни до Украина, а со тоа само ја продолжуваме агонијата и го зголемуваме бројот на загинати“, смета Пелц.

Според мислењето на поранешниот шеф на разузнавачката служба, сè укажува на тоа дека Русија ќе излезе како победник во овој конфликт бидејќи воено-индустрискиот комплекс на Западот не може да го задржи чекорот со производство на руската одбранбена индустрија.

„Оружјето и војниците победуваат во битките, а индустријата и логистиката добиваат војни. Тоа е сè. Прашањето е сметаме ние за воена победа. За две години од овој вооружен конфликт, Русија ја зголеми продуктивноста на својот воено-индустриски комплекс за 15 пати. Ние, се разбира, не сме способни за тоа“, изјави тој.

Слични содржини