Поранешен сопруг ја силувал жената

од desk2
142 прегледи

На 09.03.2019 година во 09,00 часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 5 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа.

Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.