Поранешен судија: Низамa мораше да биде заштитена, потфрлија полицијата и политичарите

од Nikola Popovski
458 прегледи

ТРОЈНОТО убиство во Босна и Херцеговина можеше да се спречи доколку функционираа надлежните судски и полициски системи, доколку поединци во системот постапуваа професионално, доколку политичарите создадоа предуслови за таква акција… Ниту еден од овие услови не беше исполнет, вели во анализа за Дојче веле, поранешниот судија, обвинител и адвокат Вехид Шехиќ.

Сепак тој, вината помалку ја префрлува на системот, а повеќе на поединците во надлежните институции.

„Очигледно е дека некои во центрите за социјална работа, полициските управи и судството не си ја завршиле работата како што треба“, вели Шехиќ.

Забележал дека на проблемот со личност како Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот уби три лица во Градачац, меѓу кои и неговата поранешна невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, додека тешко рани неколку лица, а потоа извршил самоубиство, не му се пристапило доволно внимателно.

Индикациите дека одредени полицајци му помогнале на убиецот да дојде до жртвата се особено загрижувачки, изјавил министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, по трагедијата во Градачац.

Тој очекува дека истражните органи ќе утврдат кој ја направил грешката, односно дали имало „соработка меѓу вработените во полицијата и Сулејмановиќ.

Поддршка за убиецот на социјалните мрежи и copy-paste решенија

Најмалку 15.000 луѓе го следеле крвавиот ппир на Сулејмановиќ на социјалните мрежи, а федералната полиција уапси 40 лица кои го поддржувале за време на преносот. Министерот Нешиќ истакнал дека мора да се посвети многу повеќе внимание на менталното здравје на босанското општество.

Не можеме да ја амнестираме ниту судијката која, очигледно, набрзина и недоволно му се посвети на случајот, донесе одлука да ја одбие жалбата на жртвата и да не го прифати барањето за забрана за напуштање, кажал Нешиќ.

Истовремено, судијката од Градачац, Лејла Нумановиќ, како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина, препишала дел од одлуката од друг предмет. Сепак, одлуките за забрана за пристап до жртвата не секогаш даваат резултати, забележува Шехиќ.

„Ние сме сведоци, а тоа го потврдуваат и анализите не само во Босна и Херцеговина, туку и во Хрватска и Србија, дека многу убиства биле извршени од оние на кои им било забрането да и се приближуваат на жртвата“, објаснува Шехиќ.

Слични содржини