176
Поранешната министерка за внатрешни работи на Австралија и пратеничка од опозицијата, Карен Ендрјус, денеска изјави дека укинувањето на визната забрана за Новак Ѓоковиќ ќе биде „шлаканица“ за Австралијците кои се вакцинирани против ковид.
Ѓоковиќ минатата година беше депортиран од Мелбурн, иако првично му беше дозволен влез во земјата, и не го одигра првиот гренд слем годинава, Австралија опен.
На српскиот тенисер му е забранет влез во Австралија до 2025 година, но постои можност владата во Канбера да ја укине таа забрана.