Безживотното тело на поранешната манекенка Ребека Ландрит било пронајдено покрај пат во Америка. Таа била убиена со огнено оружје, а во нејзиното тело биле пронајдени 18 куршуми.
За време на истрагата за убиството, полицијата пронашла парче хартија со име во задниот џеб на Ребека. Токму ова парче хартија беше клучно за откривање на убиецот. Парчето хартија беше фактура потпишана од Трејси Ролинс.
Полицијата тргнала во потрага и наскоро го пронашла возачот на камионот со тоа име, во чијашто кабина биле пронајдени дамки од крв и чаури, иако Ролинс се обидел да исчисти сè со белило, пишуваат американските медиуми.
Телото на Ребека било оставено покрај пат со 18 рани од куршуми. Имала рани на главата, вратот, градите и рацете. Според американските медиуми, таа најверојатно била убиена само неколку часа пред да ја остават покрај патот.
Истрагата за причините за убиството е во тек.
Да потсетиме, Ребека се занимаваше со манекенство, учествуваше на изборот за Мис и беше одлична виолинистка. Била ангажирана на престижни модни ревии. Таа се појави и во бројни реклами и списанија.