Поранешна Мис САД се самоуби скокајќи од 29. кат

од Nikola Popovski
681 прегледи

Поранешната мисица на САД, Челси Крист (30), почина во неделата наутро, соопшти нејзиното семејство. Крист, која беше крунисана за Мис на САД во 2019 година, почина откако скокнала од зграда на Менхетен, соопшти њујоршката полиција.

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Челси. Нејзината светлина ги инспирираше другите ширум светот со нејзината убавина и сила. Таа се грижеше, сакаше, се смееше и блескаше“, изјавило нејзиното семејство, пренесува CNN.

Поранешната победничка на Мис на САД објави фотографија на Инстаграм пред нејзината смрт.

„Овој ден нека ви донесе одмор и мир“, напиша таа покрај својата фотографија.

Крист, кој имала стан на деветтиот кат од луксузна зграда во центарот на Менхетен, околу 7:15 часот скокнала од 29. кат на 60-катница и била пронајдена мртва на тротоарот покриен со снег.

Полицијата во станот пронашла порака во која се вели дека сака се да и остави на мајка си. Таа во пораката не објаснила зошто си го одзела животот.

„Челзи беше олицетворение на љубовта и им служеше на другите, или преку нејзината работа како адвокатка која се бори за социјална правда, или како Мис на САД и како водителка“, се вели во соопштението.

„Но што е најважно, како ќерка, сестра, пријателка, ментор и колешка – знаеме дека нејзиното влијание ќе продолжи да живее“.

Крист имала дозвола за правна пракса во две земји. Работела и како дописник за забава на ЕкстраТВ.

Таа често ги споделувала своите чувства со следбениците на Инстаграм и изјавила дека социјалните мрежи се само за шоу, пренесува Дејли Меил.

Фото: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia