Иако Даниел Крег и Рејчел Вајс важат за една од најприватните познати двојки во Холивуд, нивната поранешна соседка, популарната блогерка Илана Вајлс, неодамна реши да сподели искуства од животот од нивниот стан во Њујорк. Во вирално TikTok видео, кое собра илјадници прегледи, Илана откри дека таа и нејзиниот сопруг делеле зграда со ѕвездата Џејмс Бонд и актерката од „Мумија“ дури десет години — и тоа во Ист Вилиџ, Менхетен.
„Не бевме најдобри пријатели, не доаѓаа да позајмат шеќер, но Мајк еднаш ѝ помогна на Рејчел да ги качи намирниците на 15-ти кат кога снема струја“, раскажа Илана со доза на хумор. Таа додаде дека, иако се светски славни, двојката секогаш била скромна, пријателски расположена и љубезна со соседите.
Особено интересен момент се случил кога нејзиниот сопруг затропал на вратата на славната двојка поради скеле кое им ја блокирало светлината во станот. „Даниел Крег беше свесен за проблемот и вети дека ќе се обиде да го реши. Веќе следниот ден скелето беше отстрането, а добивме шише шампањ и рачно напишано извинување од Крег и Вајс“, откри Илана.
Таа исто така забележа дека Рејчел изгледа неверојатно младешки во живо, додека Даниел е далеку од сериозниот лик што го гледаме на филм — всушност, бил многу разговорлив и топол. Крег и Вајс живееја во луксузен пентхаус на врвот од зградата цели седум години, пред да го продадат во 2019 година. Иако денес не се соседи, Илана заклучи: „Познатите личности се навистина исти како нас. Ова е мојата омилена приказна од Њујорк.“