Поранешна советничка на Трамп до Бајден: Не се однесувајте како Обама

од Stefanija Kuzmanovska
359 прегледи

Поранешната помошничка на Доналд Трамп, Фиона Хил, позната како остар критичар на Русија, го советуваше новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да не ги повторува грешките на Барак Обама.

„Обама се однесуваше многу презирно кон Русија, ја нарекуваше регионална сила. Тие (администрацијата на Обама) не сакаа да размислуваат премногу за Русија“, рече Хил, пренесува „Њујорк тајмс“.

Хил истакна дека за многу клучни задачи со кои ќе се соочи Бајден ќе биде потребна соработка со руските власти. Администрацијата на Бајден ќе мора да „најде начин да го стори тоа“ во области како што се воспоставување контрола на оружјето, борба против пандемијата на новиот коронавирус, без оглед на постоечките противречности.

„Бајден не може да стане Обама 2.0“, додаде таа, истакнувајќи дека Русија претставува „хибридна закана“. Хил се надева дека ситуацијата ќе се промени со текот на времето.

Бајден беше 47-ми потпретседател на Соединетите држави за време на мандатот на Барак Обама, кој беше на чело на Соединетите држави од 2009 до 2017 година.

 

Слични содржини