Поранешна ѕвезда на Дизни организирала луда забава на јахта со својата мајка и порно-актерка! (ФОТО)

од Nikola Popovski
272 прегледи

Бела Торн (23) дефинитивно се потруди оваа година да го прослави Денот на мајката на вистински оригинален начин. Американската актерка, поранешна sвезда на каналот Дизни, организирала луда забава за нејзината сакана мајка Тамара Торн (50) на луксузна јахта во Мајами, Флорида и поканила, благо речено, големо друштво.

Меѓу гостите била и 25-годишната порно актерка Абела Данџер, од која Бела не се одвоила, а веселото друштво, судејќи според фотографиите од папараците, уживало во алкохол, што очигледно не и пречело на мајката на актерката. Ѕвездата на филмовите „Полноќно сонце“ и „Само гледај“ пушела сомнителни цигари со своите пријатели, но ниту нејзината либерална мајка не се грижеше премногу за тоа.

Додека Бела продефилирала на јахтата во оскудно црвено бикини, Тамара, мајка на четири деца, се забавувала на тобоганот, па подоцна танцувала опуштено на гласната музика од јахтата.

Не е познато дали на забавата бил и италијанскиот пејач Бенјамин Масколо (27), кој ја запроси Бела во март годинава во Шпанија.

Инаку, актерката во 2016 година призна дека е бисексуалка, но од 2019 година се декларира како пансексуалец – тоа е сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност кон луѓето без оглед на полот или родовиот идентитет.

Слични содржини