Поранешната љубовница на Путин меѓу Русите кои се цел на новите британски санкции

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓу Русите кои беа цел на последната рунда санкции на Британија се најде и Светлана Кривоногих, наводната поранешна љубовница на рускиот претседател Владимир Путин.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли најави нова рунда санкции против поединци и воени субјекти поврзани со Кремљ, вклучени во руската инвазија на Украина.

Тие вклучуваат производител на дронови, компанија за делови за хеликоптери и компанија за софтвер за авиони.

Но, пишува „Гардијан“, она што се чини дека е највпечатлива и лична мерка се однесува на Светлана Кривоногих, руска државничка која работела како чистачка во 1990-тите пред да се запознае со Путин во Санкт Перебург.

Руската истражувачка веб-страница „Проект“ тврди дека Путин е татко на нејзината ќерка Луиза.

Путин има две возрасни ќерки со поранешната сопруга Људмила.

Тој не ги коментираше тврдењата на „Проект“.

Слични содржини