Поранешната девојка на Метју Пери: Бремена ме испраќаше да му купам хероин

од Nikola Popovski
380 прегледи

Поранешната девојка на актерот Метју Пери тврди дека тој ја праќал по хероин и кокаин додека таа била во петтиот месец од бременоста.

Во интервју за странски медиуми, Кејти Едвардс, која била во врска со актерот Метју Пери во 2000-тите, вели дека се согласила да набавува дрога за Пери со цел да го заштити додека тој се борел со зависноста.

Кејти изјавила дека е воодушевена што Метју ја пронашол среќата со неговата свршеница Моли и дека се ослободил од порокот.

Таа додала дека за време на неговата зависност одела по дрога за да го спречи да шета по улиците и да биде фатен.

„Во тој момент на неговата слабост, тоа беше сè што можев да направам за него. Бев бремена околу пет месеци и отидов да земам дрога на адресите на кои ме испрати. Тој ќе ми речеше: „Никој нема да запре бремена девојка. Не се грижи. Се шетав соторба, а во неа понекогаш имаше хероин, некогаш кокаин или таблети. Никогаш не знаев за што одам“, тврди Кети.

„Гледајќи наназад, помислувам каква пријателка бев. Не ми беше проблем да одам по дрога затоа што не сакав да го пуштам да талка по улиците. Исто така, тој ми плати за тоа. Понекогаш одев по три пати на ден и можев да заработам до 4.000 долари дневно. Секогаш би рекол дека парите не се проблем“, изјавила Едвардс за „Сан“.

Слични содржини