Пријателите и семејството на Брус Вилис на социјалните мрежи го прославија Денот на таткото во негова чест.
Поранешната сопруга на ѕвездата од „Умри машки“, Деми Мур и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг, во неделата се огласија на Инстаграм за да му оддадат почит на актерот, кому неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
„Засекогаш сум ти благодарна што ми ги подари овие три прекрасни девојки“, напиша Мур покрај слатката црно-бела фотографија на која Вилис е фотографиран со нивните ќерки.
Покрај Мур, емотивна порака напиша и сопругата на Вилис.
„Денот на татковците е време кога размислувам за длабоката почит што ја имам кон Брус додека го гледам како татко на нашите деца“, напишала 45-годишната Хеминг со фотографија од нејзиниот сопруг и нивната 11-годишна ќерка Мејбел.
„Она на што тој ги учи ќе трае со генерации. Безусловна љубов, добрина, сила, сочувство, трпение, дарежливост, издржливост“, додаде таа и му посака „среќен Ден на таткото на најдобриот татко што го познавам, кој засекогаш ќе биде подарокот што продолжува да дава во нашето семејство“. Вилис и Хеминг се во брак од 2009 година и имаат уште една ќерка, деветгодишната Евелин.