Поранешната љубовница им врати на Бекамови: „Престани да играш жртва, Дејвид! Се е вистина“

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Една од најпознатите (наводни) љубовници во светот, Ребека Лос, која ја поврзуваа со англискиот фудбалер Дејвид Бекам, одлучи повеќе да не молчи! Лос ја обвини фудбалската ѕвезда дека играла на картата на жртва додека зборувала за нивната наводна афера во нејзиниот нов документарен филм „Бекам“, кој неодамна беше објавен на Нетфликс.

„Разбирам дека има имиџ што мора да го зачува, но се прикажува себеси како жртва и прави се за да изгледам како лажга, како да сум ги измислила овие приказни“, изјави поранешната соработничка на фудбалската ѕвезда.

„Сето тоа изгледа како да се претставува како „кутриот јас“. Тој мора да преземе одговорност“, додаде таа.

Да потсетиме, Лос (46) во едно интервју во 2004 година тврдеше дека таа и тогашниот играч на Реал Мадрид имале афера зад грбот на неговата сопруга Викторија Бекам. Таа дури отиде дотаму што тврдеше дека често имале секс – но само кога тој го иницирал.

„Треба да запомните, тој е оженет човек. Што ако бил на ручек со Викторија? Морав да го чекам да дојде кај мене”, рекла таа во интервју за Sky News.

Дејвид, од друга страна, негираше какви било обвинувања за неверство и продолжи со својот живот, но зад затворени врати неговиот брак многу страдаше поради гласините за афера.

„Искрено, не знам како го преживеавме тоа“, рече 48-годишниот Бекс во документарецот додека неговата 49-годишна сопруга Викторија седеше до него.

„Викторија ми е сè на светот. Да ја видам така повредена беше неверојатно тешко, но и двајцата сме борци. Моравме да се бориме еден за друг и за нашето семејство. Она што го имавме вредеше да се бориме”, изјави поранешниот фудбалер.

Лос верува дека Дејвид, додека зборувал за наводната афера во документарецот, „индиректно сугерира“ дека таа е таа што ја „натерала Викторија да страда“.

„Да, приказните беа ужасни, но тие се вистинити. Тој во документарецот зборува за тоа дека во крајна линија е негов приватен живот, го чува за себе. Мислам дека едно е да го чуваш приватниот живот за себе, а друго е да ја доведеш во заблуда јавноста“, коментираше Лос.

Таа денес работи како медицински асистент и живее во Норвешка и вели дека единствената причина поради која решила да го коментира документарецот е тоа што чувствува потреба да се брани. „Имам и семејство и деца, кои исто така имаат Гугл и можат да гледаат и документарни филмови“, коментира таа за Дејли Мејл.

„И сакам да знаат дека нивната мајка беше доволно храбра да застане и да се заложи за вистината“, додава таа.

Велнес инфлуенсерката има два сина со норвешкиот лекар Свен Кристјар Скаја, со кој се омажи во 2012 година.

Слични содржини