Поранешнaта на 50 Cent се огласи по тужбата против Диди и упати сериозни обвинувања

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Се води правна и онлајн битка помеѓу раперот 50 Cent и неговата поранешна девојка Дафне Џој.

Откако беа објавени деталите од тужбата поднесена од Родни Лил Род Џонс против Шон Диди Комбс, во која Дафне се именува како наводна сексуална работничка на музичарот, таа сега проговори за обвинувањата.

„Длабоко сум повредена од лагите во тужбата за Родни Џонс. Тврдењето дека сум сексуална работничка е 100% лажна и е атентат на мојот карактер. Ангажирав адвокат”, напиша таа на Инстаграм.

Што се случува помеѓу 50 Cent и Дафне?

Кога се дозна дека Дафне наводно била сексуална работничка на Диди, 50 cent ја исмеа.

„Не знаев дека си сексуален работник. Мала сексуална работничка. Лол. Ова срање стана филм”, напиша музичарот на Инстаграм покрај фотографијата на која пуши пура.

Според извори од странските медиуми, 50 Cent сака единствено старателство над својот син Сајр, кој го има со Дафне.

Потоа 50 Cent објави фотографија на која Диди и Дафне се држат за рака.

„Се оддалечивте надевајќи се дека ќе имате уште едно дете со мене, но јас бев зафатен. Така се вративте и почнавте да земате пари од него. Еве ние сега сме мали сексуални работнички“, напиша 50 Cent.

Слични содржини