Две години по разводот со сопственикот на Амазон, Џеф Безос, Меккензи Скот се омажи за наставник од училиштето во кое одат нејзините деца.
Меккензи Скот е една од најбогатите жени во светот со богатство проценето на 53 милијарди американски долари. Таа донираше повеќе од четири милијарди долари, претежно на организации на жени, социјални служби и афро-американски универзитети.
„Ден е прекрасен човек, јас сум среќен и возбуден поради нив“, рекол Џеф Безос, пишува Би-Би-Си.
Во бракоразводната парница, Скот освоила четири проценти од акциите на Амазон. Бидејќи локдаунот ги зголеми продажбите преку Интернет и испораките до дома, цената на акциите на Амазон се зголеми меѓу 2000 и 3.500 долари од почетокот на годината.
Сепак, Скот се откажала многу од бракоразводната парница.
„Среќна сум што сите мои акции во „Вашингтон пост“ и „Блу ориџин“ и 75% од нашиот удел во Амазон му ги препуштам на него“, напишала Мекензи во твит минатата година.
Безос тогаш реагираше на нејзиниот пост на Твитер, заблагодарувајќи и се на нејзината „поддршка и љубезност“.
Тие се разведоа по 25 години брак
Во јануари 2019 година, поранешната брачна двојка Безос објави дека се разведуваат по 25 години брак.
Кога во 1994 година возел од Њујорк до Сиетл и смислил деловен план, таа била во автомобилот со него, исто како и на самиот почеток кога тој започнал бизнис во сопствената гаража.
Тие се запознале во една инвестициска компанија каде таа биласоработник во истражувањето, а тој бил потпретседател. Џеф беше првиот кој ја интервјуирал Мекензи за работата. Двајцата дипломирале на Принстон.
Од почетокот на локдаунот поради пандемијата во март, вкупното богатство на милијардерите во Америка е зголемено за 800 милијарди долари, покажа анализата на групата „Американците за даночна праведност“.