Дебора-Ли Фернес (69) и Хју Џекман (56) се венчаа во 1996 година, а во септември 2023 година го шокираа светот објавувајќи го својот пријателски развод. Две години подоцна, разводот официјално беше финализиран деновиве.
„Моето срце и сочувство се со сите што поминале низ трауматското патување на предавството. Разводот е длабока рана што боли до срж“, рече Фернес во изјава за „Дејли Меил“.
И покрај болката, Фернес нагласува дека верува во повисока сила и дека токму ова верување ѝ помогнало да го преброди крајот на нејзиниот речиси триесетгодишен брак. „Верувам дека Бог или универзумот, како и да го наречете, секогаш работат за нас. Тој поглед на светот ми помогна да го пребродам ова предизвикувачко време.“
Низ процесот на развод, вели таа, стекнала многу мудрост и самоспознание. „Дури и кога се соочуваме со неволји, тие нè водат до нашето највисоко добро и вистинска цел. Може да боли, но на долг рок, враќањето кон себе и живеењето во согласност со нашите вредности и граници носи слобода“, рече таа.
Фурнес посебно нагласи дека најголемата лекција што ја научила е дека „ништо од ова не е лично“. „Сите ние сме на свои индивидуални патувања. Верувам дека односите во нашите животи не се случајни – ги привлекуваме луѓето да учат лекции и да ги лекуваат скршените делови од себе. Останувам благодарна.“