Поранешни вработени на HTC и Google лансираа свој паметен телефон

од desk3
113 прегледи

Заситениот пазар на паметни телефони има нов играч. Тоа е компанијата Nextbit која на први септември ќе го претстави својот паметен телефон, соопштува интернет изданието CNET.

zx450y250_2591962

Интересно за Nextbit е дека ова е компанија е основана од поранешни вработени на Google и HTC. Досега таа разви софтвер кој го олеснува трансферот на датотеки и поставувања меѓу различни уреди со Android. Nextbit дури има инвестиција од Google Ventures. Во тимот е и поранешниот главен дизајнер на HTC Скот Крои.

Nextbit ќе се насочи кон “нешто различно”, создадено со идејата дека со времето смартфонот му здосадува на сопственикот. За да се справи со тоа, телефонот на Nextbit ќе се менува со време преку софтвер. Компанијата ги задржува повеќето од деталите во тајност, но вели дека телефонот нема да има рестрикции за складирани податоци, датотеки и апликации. Тој ќе ја искористи сопствената технологија за клауд услуги на Nextbit.

Преку софтверски надградби ќе се додадат функции, ќе се коригираат проблеми. Сето тоа звучи прилично стандардно, но според компанијата телефонот ќе може да се адаптира според желбите на корисникот. Паралелно со ова ќе се обиде да го надгради постигнатото од Android до моментов и да го подобри.

Nextbit ќе се потпира и на смела ценовна стратегија. Телефонот ќе биде на цена помеѓу 300 и 400 долари. Компанијата ќе ги искористи и социјалните мрежи со идејата да се изгради стабилна врска со потрошувачите и тие да можат да и кажат директно што сакаат да се промени во телефонот.