Поранешниот австриски канцелар Курц условно осуден за давање лажни изјави

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц денеска бил осуден на условна казна од осум месеци за давање лажни изјави во парламентарна истрага за наводна корупција во неговата прва влада.

Пресудата на судот во Виена e донесена по четиримесечно судење.

Овој случај e прв во три децении да му се суди на поранешен австриски канцелар.

Во пресудата на Регионалниот суд во Виена се наведува дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“ отколку што признал во истрагата.

Слични содржини