Поранешниот ММА борец на УФЦ, Фил Барони е уапсен под сомнение дека ја убил девојката.
Четириесет и шестгодишниот Барони наводно претепал девојка во хотел во Сан Панчо, Мексико.
Се претпоставува дека му признала дека го изневерувала, поради што ја турнал во бањата, а таа удрила во главата и паднала на подот, умирајќи од ударот.
„Полицајците пристигнале во хотелот каде ја затекнале жената како лежи гола на кревет покриена со чаршаф и со повеќе траги од удари, исекотини по лицето и делови од телото и без знаци на живот“, пренесуваат од „ММА њуз“ информации од мексиканскиот портал „Трибина ла Бахиа“.
Барони по пристигнувањето на полицијата во хотелот изјавил дека неговата девојка го замолила да оди да земе цигари и пиво, а при враќањето не давала знаци на живот.
Постои сомневање дека бил под дејство на дрога и алкохол во моментот на инцидентот, Барони е уапсен и останува главен осомничен.
Тој остана познат по борбите во раните 2000-ти, започнувајќи ја својата кариера во УФЦ речиси брилијантно, со три победи од неговите први четири борби.
Неговата последна борба беше на UFC 125 кога загуби од Бред Таварес во првата рунда со нокаут.
Тој исто така бил во други организации за UFC, како што се Bellator, Pride, а борбата со Саи Ванг на Rebel FC 9 во 2019 година беше негова последна.