Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески, како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија

од Milan1
119 прегледи

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Пеце Мирчески, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна. По пријавата во јавноста се појавија нови детали во врска со пријавата која е поднесена против него.

Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија.

Поранешниот директор на СОЗР се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар, заедно со уште петмина во негова придружба, нарекувајќи ги новинари и уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион, наводно да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.

Слични содржини