Поранешниот директор на СОЗР приведен во полициска станица

од Milan1
29 прегледи

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчески денеска попладне бил приведен во полициската станица „Пролет“, потврдуваат од Управата за финансиска полиција.

Приведувањето на Мирчевски следи откако Финансиската полиција во координација Основното јавно обвинителство Скопје денеска против него поднесе кривична пријава со која тој се товари за четири кривични дела.

Имено, Мирчески се товари за примање поткуп, фалисфикување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, извршени додека раководел со СОЗР.

Покрај ексдиректорот на СОЗР, како што пренесува државната агенција и останатите медиуми, во полициска станица се наоѓа и сопственикот на рент-а-кар сервисот „ВИП“, кој е опфатен во истиот случај и се сомничи за кривичното дело давање поткуп.

Слични содржини