Мајами е атракција не само за илјадници туристи, но и за некои од најголемите светски ѕвезди. Затоа не е изненадување што токму Џенифер Лопез имаше свој дом во овој популарен дел на Америка.
Се разбира, познатите личности тешко задржуваат нешто за долго и од таа причина пејачката веќе не е сопственичка на пространата палата во Мајами Бич . Една од најкарактеристичните работи за овој дом е дека целиот е опкружен од зеленило и многу палми .
Зградата, што во моментов се продава за “скромна” сума од 40 милиони долари , има архитектура во шпански стил – отворени покриени тераси со колони и лакови. Таа се наоѓа на брегот и дизајнот многу наликува на куќите на “Старата Флорида”.
Поранешниот дом на Џеј Ло има уште базен, спа центар и поглед на заливот. Мало вештачко езерце, голема градина и тропска атмосфера се другите нешта со кои имотот искушува. Седум спални и 13 бањи се доволни за да собере како големо семејство, така и неколку пријатели, кога доаѓаат на гости.

