Поранешниот министер за финансии истрча најдобро лично време на маратонот во Чикаго

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски на својот Фејсбук профил се пофали дека си го соборил рекордот за најбрзо трчање маратон со новото трчање на улиците на Чикаго.

– Имаше фантастична енергија на улиците на Чикаго. Трчаа 45 илјади маратонци, а 1,7 милиони луѓе даваа поддршка. Немаше ниту еден метар на 42 км патеката без луѓе кои што бодрат. Не случајно ова е еден од 6те најголеми маратони во светот. А, и ние бевме добра екипа и срушивме многу лични рекорди. Јас истрчав за 3 часа и 23 минути (претходно најдобро време на маратон ми беше 3 часа и 40 минути). Благодарам на сите што не бодреа од дома – напиша Тевдовски.

Слични содржини