Поранешниот министер за здравство на Британија и неговата љубовница ги напуштија сопружниците (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Љубовницата на поранешниот британски министер за здравство го остави сопругот милионер и реши јавно да ја продолжи врската со Мет Хенкок (42), кој беше разрешен од должноста министер за здравство, изјавија нејзините пријатели за локалните медиуми.

Џина Коладанџело (43) поднесе оставка од функцијата помошник министер за здравство само неколку часа откако тоа го стори самиот Ханкок, кога во јавноста протече видео од страствен бакнеж од канцеларијата, додека беа на сила строгите мерки во борбата против пандемијата.

И поранешниот министер Ханкок го прекина бракот со сопругата Марта по 15 години, непосредно пред аферата да стигне до јавноста, а двајцата прељубници наводно веќе живеат заедно.

Според „Дејли меил“, Коладанџело објавила две необични објави на социјалните мрежи: „Колку подолго чекате, толку е посладок бакнежот“ и „Подобро да умрам од страст отколку од досада“.

Неименувани извори тврдат дека милионерот Оливер Трес, сопственикот на моден ланец, останал во болка откако дознал за аферата и откако сопругата го напуштила по 12 години брак.

Слични содржини