Поранешниот премиер на Пакистан обвинет за терористички чин

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Пакистанската полиција го обвини поранешниот премиер Имран Кан за терористички чин, јавува денеска Би-Би-Си.

Истрагата започна откако Кан ги обвини полицијата и судството за приведување и тортура на негов близок соработник.

Тензиите во Пакистан се големи, а приврзаниците на поранешниот премиер се собраа пред неговата куќа извикувајќи дека ќе ги преземат работите во свои раце доколку тој биде уапсен.

Слични содржини