Поранешниот претседател на Молдавија: Обвинението против мене е политички прогон

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Поранешниот молдавски претседател Игор Додон, кој е обвинет по четири точки, рече дека случајот против него е политички прогон организиран од актуелната претседателка Маја Санду.

„Ова судење го сметам за измислен изговор за г-ѓа Санду да изврши политички прогон бидејќи сака да се ослободи од нејзиниот главен политички противник“, изјави тој, пренесува ТАСС.

Игор Додон е обвинет за пасивна корупција, финансирање на политичка партија на криминална организација, предавство и нелегално стекнато богатство.

Слични содржини