Врховниот суд во Лос Анџелес го прогласи поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн за виновен за силување, во втората таква пресуда, објави „Ројтерс“.
Поротата го прогласи Вајнштајн (70) за виновен по обвинението на една жена за силување и сексуална пенетрација со стран предмет.
Поротата не можеше да донесе пресуда за две обвиненија, вклучувајќи го и силувањето на сопругата на демократскиот гувернер на Калифорнија, Џенифер Сибел Њусом, која рече дека на судењето била позната како „Џејн До 4“.