Шпанската кошарка ја потресе скандал откако беше откриено дека 57-годишниот тренер Марио Лопез силувал 13-годишно девојче. Како што пишува Марка, се се случило во далечната 1998 година кога Лопез имал 31 година, а девојката 13, пренесува Гол.хр.
Лопез негирал било каков сексуален однос, а на судењето признал дека ја бакнал и допирал девојката и дека се се случило со нејзина согласност. Жртвата негирала се и зборувала за стравот што го доживеала во минатото.
Според пресудата, злоупотребата траела три и пол години, во кои имало околу 50 средби со различни форми на сексуална злоупотреба. Судот утврди дека Лопез ја користел својата позиција на тренер и разликата во години за да ја манипулира и заплаши жртвата. Покрај затворската казна, во истиот период му е забрането да тренира малолетници и мора да и плати отштета од 80.000 евра на жртвата.
Лопез е поранешен тренер познат по тоа што раководи со женски тимови, вклучувајќи ги и јуниорските категории на шпанската репрезентација. Со помладите женски селекции освои пет европски титули и два светски сребрени медали.