Поранешниот сопруг на Бритни Спирс доби забрана да ѝ се приближува на пејачката

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Барањето на Бритни Спирс за итна забрана за пристап која се однесува на нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Ален Александер, откако минатата недела тој упадна на свадбата на поп-ѕвезда во нејзината куќа во Калифорнија, беше одобрено.

Александер, со кого Спирс се омажи за време на церемонија во Лас Вегас во 2004 година – пред бракот да биде поништен 55 часа подоцна – упаднал во собата на 9 јуни, пред да започне церемонијата.

„Каде е Бритни?… Јас сум тука да ја уништам свадбата“, рекол Александер, мислејќи на Спирс како негова „прва и единствена сопруга“.

Канцеларијата на шерифот на округот Вентура беше испратена да го истражи извештајот за упадот, а Александер беше уапсен.

Свадбената церемонија помина без дополнителни инциденти, со присуство на Мадона, Парис Хилтон и Дру Баримор. Спирс се омажи за актерот и модел Сем Асгари.

 

Слични содржини