Поранешниот сопруг на Бритни Спирс уапсен во нејзината куќа, упаднал на свадбата

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Џејсон Александар, поранешниот сопруг на пејачката Бритни Спирс, е уапсен во нејзината куќа во Лос Анџелес додека се подготвувала за венчавката со партнерот Сем Асгари.

Полицијата од областа Вентура реагирала на дојавата за упад во куќата на пејачката и го уапсила 40-годишниот Александар. Портпаролот на полицијата потврди дека Александар е уапсен поради постојната потерница и дека по инцидентот бил приведен во полициска станица.

Интимната венчавка на пејачката (40) и нејзиниот 28-годишен партнер, фитнес тренер, требаше да се одржи во четврток.

Непосредно пред инцидентот, поранешниот сопруг на Бритна објави „стори“ во живо на Инстаграм од близина на имотот и изјави дека е таму за да „упадне“ на свадбата.

Бритни Спирс и Сем Асгари се верија во септември минатата година, а пејачката се пошегува дека предлогот „доцни“. Старателство што го контролираше нејзиниот живот беше прекинато од Врховниот суд на Лос Анџелес во ноември минатата година.

Ова е трето „гостување“ на пејачката на олтарот. Извор цитиран од магазинот People изјавил дека на свадбата биле поканети околу „60 гости од нивниот близок круг“.

Спирс има две деца, Шон и Џејден, момчињата кои ги доби со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн.

Слични содржини