Поп принцезата Бритни Спирс зборуваше на суд за првпат во последните две години во врска со случајот на старателство што нејзиниот татко Џејми го има над неа. Многу познати личности јавно ја поддржаа пејачката, а сега преку адвокатот се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, со кого Бритни има два сина.
„Тој го сака она што е најдобро за неа. Не е важно колку позитивно влијание имало старателството, ако тоа негативно влијае на нејзината душевна состојба. Ја поддржува со цел таа да има најдобра средина за нејзиниот живот и за нивните деца, кои би ја посетувале“, рече адвокатот на Кевин, Марк Винсент Каплан, а пренесе „Дејли Меил“.
Како што понатаму изјави, Кевин сака Бритни да биде среќна.
„Кевин смета дека е најдобро за неговите деца нивната мајка да биде среќна и здрава, па ако таа може да го стори тоа без старателство, тогаш тоа е одлично“, додава Винсент.
Кевин не се мешаше во целиот случај, но ја следи целата ситуација бидејќи е многу јавна и се надева дека сè ќе биде во ред.
Кевин и Бритни беа во брак од 2004 до 2007 година и ги имаат синовите Шон и Џејден. Кевин има целосно старателство над децата.