Поранешниот сопруг на Мараја Кери има единаесет деца: Откри колку алиментација плаќа

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Ник Кенон ќе стане татко по дванаесетти пат, а последното дете го доби пред неколку дена.

Водителот сега призна колку изнесува алиментацијата која ја плаќа годишно.

Како што објавија медиумите, Кенон во моментов плаќа три милиони долари за овие цели, но самиот водител потврди дека сумата е многу поголема.

„Дефинитивно трошам многу повеќе од тоа на моите деца годишно. Не планирам да го користам државниот систем за деца“, рече Ник, а пренесуваат странските медиуми.

Пред неколку дена Кенон го доби единаесеттото дете со својата партнерка Аби Де Ла Роуз, со која има и близнаци. Моментално очекува уште едно дете со Алис Скот, со која имаше син кој почина минатата година. Тој има близнаци со пејачката Мараја Кери, син со манекенката Бре Тиези, ќерка со Ланиша Коли и три деца со Британи Бел.

Слични содржини