658
Милан Поповиќ и неговата 28 години помлада сопруга Бојана, по синовите Милан, Ѓорѓе и ќерката Софија, добија уште едно момче на кое му го дадоа името Теодор Александар, пишува Блиц.
„Пораѓањето помина добро. Бојана и бебето се добро, а момчето ги доби сите најдобри оценки во породилиште“, вели изворот.
Ова е петто дете на Милан Поповиќ, заедно со неговиот син Александар, кој го доби со Северина.
За потсетување, Жупанискиот суд во Сплит пред неколку дена уште еднаш одлучи Северина и Поповиќ да го делат старателството над нивниот син.