Поранешниот вереник на Џеј Ло најде утеха во поранешната сопруга на Том Круз

од Stefanija Kuzmanovska

Алекс Родригез беше фатен во Њујорк како излегува од станбена зграда на Менхетен каде што живее актерката Кети Холмс, за време на помирувањето на неговата поранешна вереница Џенифер Лопез со актерот Бен Афлек.

Постојат докази за сето тоа, бидејќи еден фоторепортер го фотографирал Алекс кога излегол од зградата.

Многумина се прашуваа дали на повидок е нова романса откако поранешниот бејзбол играч ја напушти зградата на поранешната сопруга на Том Круз. Фотографиите јасно покажуваат дека тој делувал многу опуштено, но не е познато дали актерката била на таа адреса за време на неговата посета.

Алекс излезе од зградата во бела маица и беж панталони, додека носеше очила за сонце на главата и таблет во раката. Не е потврдено зошто Алекс бил во таа станбена зграда. По излегувањето, тој брзо влегол во автомобилот и продолжил понатаму.

Слични содржини