155
Рестораните кои претходно работеа под брендот „Мекдоналдс“ во Белорусија ќе бидат преименувани во „Мек.би“, соопшти денеска локалната компанија.
Се вели дека компанијата го задржува пристапот до рецептите, а со тоа се оддалечува од новиот бренд во соседна Русија, објави Ројтерс.
Сите 25 ресторани на „Мекдоналдс“ во Белорусија, управувани од локалниот носител на лиценца KSB Viktori Restorants, требаше да бидат преименувани во Vkusno & točka, наследник на рестораните на „Мекдоналдс“ во Русија, но се чини дека тој договор пропадна.