Поранешното момче ја полуде Кендал Џенер од љубомора? (ФОТО)

од Elena Daskalova
332 прегледи

Поранешното момче на Кендал Џенер, Бен Симонс, објави неколку емотикони во коментар кај Маја Јама, но очигледно тоа ја разбеснело познатата манекенка и ријалити ѕвезда.

Според она што го зборуваат нивните блиски луѓе, Симонс уште е вљубен во Кендал и ја користи секоја прилика за да го привлече нејзиното внимание, често избирајќи да ја направи љубоморна.

Кендал и Бен раскинаа во мај, а оттогаш ниту тој, ниту таа се забележани со друг партнер во јавноста.

Многумина се запрашале дали наводниот интерес кој Бен го покажува за Маја всушност е наменет за очите на Кендал. Исто така, Маја неодамна открила дека не е заинтересирана за нова врска, откако неодамна се раздели со раперот Стормзи.

Слични содржини