Поранешното момче на Блејк Лајвли шокираше со признание за нивната врска

од Nikola Popovski
269 прегледи

Пен Бедгли, кој стана светски познат по улогата на Ден Хемфри во хит серијата „Gossip Girl“, конечно се отвори за својата бурна врска со колешката Блејк Лајвли. Актерите беа во врска од 2007 до 2010 година, токму во најинтензивниот период на снимањето на популарната тинејџерска драма.

„Тоа беше борба“, призна 38-годишниот актер во емисијата „Call Her Daddy“. Објасни дека било исклучително тешко да се одржи јасна линија помеѓу реалниот живот и улогата што ја играл во тоа време.

„Што почнува да се случува кога сте во една улога долго време – аспектот на славата што е дел од неа, огромен дел од неа – нема доволно разделување, мислам, за никого. Луѓето те гледаат како таа личност, те викаат со тоа име на улица. Исто така, треба постојано да бидете таа личност на работа“, откри Бадгли.

Исклучително признатата серија за богатите тинејџери од Менхетен се емитуваше шест сезони од 2007 до 2012 година, а подоцна доби продолжение кое беше прикажано на стриминг платформите.

Бадгли искрено признал дека во тоа време не бил „емоционално доволно зрел за да разбере како да се разликува од неговиот карактер“ во однос на самодовербата. „Она што луѓето го мислеа за Ден се чинеше дека е она што тие го мислеа за мене“, забележал актерот, подоцна откривајќи дека бил „гладен за многу видови на интимност“ поради разводот на неговите родители и „навистина копнеел за таква врска“ со Блејк Лајвли, која ја играше богатата Серена ван дер Вудсен.

Интересно, Блејк уште во 2009 година изјавила за „Гламур“: „Отпрвин бев толку вознемирена што го вработија. Јас всушност го свртев целиот тим против него. Но, тогаш забележале дека тој не е кретен и дека всушност е навистина драг, шармантен човек. Сфатив речиси веднаш, но ми требаше околу една недела да го признаам“.