Кога станува збор за сексот, порно актерките обично даваат најпрактичен совет, што е сосема разбирливо.
Порно sвездата Дејзи Морган посочила дека најголемата грешка што ја прават паровите во кревет е тоа што многу жени одбиваат да користат лубриканти, па водењето љубов може да биде малку непријатно за нив поради потешката пенетрација.
Исто така, сексот може да предизвика триење или иритација, а тоа не е чувството што го сакате кога водите љубов со партнерот.
Дејзи вели дека не користела лубриканти се додека не започнала да работи во порно индустријата и дека сега не може да замислува секс без нив.
„Верувам дека има чудна предрасуда кај жените кои користат лубриканти – тоа е показател дека стареете. Погрешно! Без оглед на возраста, нивото на хормоните или влажноста, дополнителното подмачкување никогаш не е лошо. Тоа го прави водењето љубов многу попријатно“, објаснила Морган.
Таа додала дека има многу различни видови лубриканти, така што секоја жена може да најде таков што и одговара, а Дејзи смета дека најдобрите се базираат на вода.
Интересно е и да се погледне што покажува истражувањето – 65% од жените користеле лубриканти барем еднаш, а 20% од нив редовно ги користат.
Околу 70 проценти од мажите користеле лубриканти барем еднаш, а 25 проценти од испитаниците ги користат редовно за време на секс.
Интересно, повеќе од 50 проценти од испитаниците од двата пола, кои редовно користат лубриканти, велат дека е полесно да се постигне оргазам.