Порно страница му понуди работа на Снуп Дог

од Vladimir Zorba
504 прегледи

По неодамнешната улога на коментатор на еден боксерски натпревар, раперот Снуп Дог доби деловна понуда во која тој повторно би бил коментатор, но на порно филмови.

Американскиот рапер и музички продуцент Снуп Дог привлече внимание со неговата неодамнешна улога како коментатор на реванш боксерскиот натпревар помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор. Овој натпревар го следеа десетици милиони луѓе ширум светот.

Раперот се покажа урнебесно смешен во својата нова улога, која не ја пропушти порно страницата „ImLive“, која веднаш заклучи дека раперот е оној што им треба. Наводно, „ImLive“ му понудила на раперот милион долари за да биде коментатор, односно раскажувач на нивните порно филмови за потребите на слепите корисници. Снуп сè уште не ја коментирал оваа понуда, иако од компанијата за возрасни тврдат дека тие се смртоносно сериозни.

-Ние во „ImLive“ веруваме во иновации и размислување надвор од рамките. Можноста да ве слушнеме како ја опишувате анатомијата на нашите убави водителки додека изведуваат шоу за возрасни, на нашите корисници со оштетен вид ќе им дадете едно од најзабавните искуства во нивните животи – според понудата за Снуп Дог, пренесуваат странските медиуми.

Слични содржини